Inzercia FB MK HQ

“Ги комбинираме предностите во единствен продукт”

 

  • Постојан ефект и стабилно исхрана со азот

Бактерискиот состав овозможува долготрајно и стабилно примање на азот за време на вегетацијата. Ѓубривото содржи уникатен вид на бактеријата (Herbaspirillum seropedicae) која овозможува ефикасна фиксација на атмосферскиот азот, што овозможува азотот да биде достапен за растението во количина од најмалку 40 кг/ха.

 

  • Брз, зелен ефект

Благодарение на додадените микро и макроелементи, со примена на ѓубривата се постигнува моментален зелен ефект, како и храна со микроелементи прилагодена на потребите на секоја поединечна култура. Освен долготрајниот ефект на микробните состојки, ѓубривото има и моментално дејство.

 

  • Единствена концентрација на бактерии кои фиксираат азот по 1 cm-3

Нашите ѓубрива содржат единствена концентрација на витални микроорганизми поголема од 2.109 CFU.cm-3. Декларираната содржина на бактериските состојки е наведено само како минимално можна концентрација во 1 мл, при примена од 10 L по хектар.

 

  • Подобрено прилепување и прифатливост на ѓубривата преку листот

Благодарение на подобрената рецептура, го подобривме прилепувањето на ѓубривата на листот,со што се овозможува понатамошно ефикасно впивање и во полоши климатски услови. Лисните бактерии, поради своето потекло, исто така се помалку осетливи на UV зраци, што ги зголемува можностите за нивно применување.

 

  • Заштеда при примената – компатибилно со други препарати

Нашето ѓубриво може да се комбинира за време на примената со други хранливи препарати и препарати за заштита.

 

  • Силни растенија, без опасност од изгореници

Благодарение на балансираниот состав на ѓубривата и нивните микробни состојки, можете да избегнете изгорени површини на листовите за време на примената.

 

  • Засилување на фазата на раст и отпорноста на растенијата благодарение на додадената габа

Во 2024 година пуштаме во продажба нов производ во форма на AZOTER LF+ кој содржи микопаразитна габа, Trichoderma atroviride.

Inzercia AZOTER L+ A4 MK